Во ерменските напади досега загинаа 92 азербејџански цивили, 404 цивили се ранети

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека во реализираните напади од страна на Ерменија од 27 септември до 5 ноември животот го загубија 92 азербејџански цивили, 404 цивили се ранети

1522632
Во ерменските напади досега загинаа 92 азербејџански цивили, 404 цивили се ранети

Во реализираните напади од страна на Ерменија со топови и ракети врз азербејџанските цивилни населени места, досега животот го загубија 92 цивили, 404 цивили се ранети.

Во објавеното соопштение од Главното јавно обвинителство на Азербејџан се истакнува дека еден цивил кој беше ранет во ракетниот напад извршен од страна на Ерменија на 28 октомври врз градот Берде и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и го загуби животот.

Во соопштението се вели дека на тој начин, бројот на загинатите азербејџански цивили во реализираните напади од страна на Ерменија од 27 септември до 5 ноември се зголеми на 92 лица, а 404 лица се ранети.

Во соопштението воедно се додава дека во ерменските напади се оштетени и доведени во неупотреблива состојба 2.971 куќа, 100 повеќеспратни згради и 502 јавни згради.

 



Слични вести