Цензура од француски министер на цртаниот роман

Во релевантниот дел од „Ремедиум“, Бланкер е прикажан како „човек со многу либерални идеи, обожавател на моќта, без искуство во јавното училиште“

1522104
Цензура од француски министер на цртаниот роман

 

Во Франција, каде што се издвојуваат исламоти муслиманите под изговор на слободата на изразување, министерот за образование Жан-Мишел Бланкер го укина објавувањето на цртаниот роман во една медиумска куќа поради тоа дека „ги надминува границите на слободата на изразување“.

На веб-страницата на Медиапарт беше објавен „Ремедиум“ напишан од Кристоф Тардје, учител во северозападниот град Трембле.

Во релевантниот дел од „Ремедиум“, Бланкер е прикажан како „човек со многу либерални идеи, обожавател на моќта, без искуство во јавното училиште“.

Министерот Бланкер, со посредство на неговите адвокати, изврши притисок врз Медијапарт да го отстрани делот што се занимава со неговата работата под образложение дека „ги надминува границите на слободата на изразување и дека се однесува на неговиот приватен живот“.

Тардје, сопственикот на делото, истакна дека министерот за образование на 17 октомври одржа жесток говор за слободата на изразување, поради што барањето е шокантно. Тардје во написот го употреби изразот: „Лицемерие од министерот; тој пред вас ја брани слободата на изразување, додека од позади го напаѓа авторот“.



Слични вести