Азербејџанската армија им нанесе жртви на ерменските сили

Судирите на фронтот продолжиле главно во насоките Агдере и Хокавенд

1522239
Азербејџанската армија им нанесе жртви на ерменските сили

 

Азербејџанската армија им нанесе жртви на ерменските сили кои ноќе пукаа врз азербејџанските војници и населбите во различни насоки на фронтот.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан, беше наведено дека судирите на фронтот продолжиле главно во насоките Агдере и Хокавенд.

Во соопштението се истакнува дека ерменските сили морале да се повлечат од некои делови на фронтот и изгубиле воен персонал и опрема, а исто така беше нагласено дека фронтот е под контрола на азербејџанската армија.

Министерството соопшти дека ерменската армија го прекршила примирјето на границата на двете земји и дека од територијата на Ерменија бил отворен оган врз позициите на Азербејџан во градовите Товуз, Гедебеј и Дашкесен.



Слични вести