Прва неформална средба помеѓу двајцата лидери на Кипар, Ерсин Татар и Никос Анастасиадис

Првата директна средба лице в лице помеѓу претседателот Ерсин Татар и кипарско-грчкиот лидер Никос Анастадиадис се одржа во резиденцијата на специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН за Кипар Елизабет Спехар, во меѓупросторот на Кипар

1521316
Прва неформална средба помеѓу двајцата лидери на Кипар, Ерсин Татар и Никос Анастасиадис

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар за прв пат се состана на неформален состанок со лидерот на Кипарско-грчката Управа Никос Анастасиадис.

Според објавеното писмено соопштение од претседателскиот кабинет на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), првата директна средба лице в лице помеѓу претседателот Ерсин Татар и кипарско-грчкиот лидер Никос Анастадиадис се одржа во резиденцијата на специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Кипар Елизабет Спехар, во меѓупросторот во Лефкоша.

Средбата започна вчера вечер во 19:10 часот по локално време и траеше приближно 2 часа.

Во објавеното писмено соопштение по средбата, од страна на портпаролот на Обединетите нации (ОН) на Кипар се истакнува дека состанокот чиј домаќин беше специјалната претставничка Елизабет Спехар поминал во искрена и срдечна атмосфера и дека во оваа прилика Татар и Анастасиадис се стекнале со можност да се запознаат и за прв пат неформално да разменат мислења. 

Во соопштението се вели дека Татар и Анастасиадис ја нагласиле одлучноста да одговорат позитивно на ветувањето на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес за одржување на неформален состанок во погодна средина од видот 5 + ОН со учество на трите гаранторски земји (Турција, Грција и Велика Британија) и двете страни на островот Кипар.

 



Слични вести