Претседателски избори во САД: Доналд Трамп и Џо Бајден во тесна трка

Изборите во САД ќе ги добие кандидатот кој ќе освои најмалку 270 од 538 гласачи на Изборниот совет доделени од државите

1521413
Претседателски избори во САД: Доналд Трамп и Џо Бајден во тесна трка
ABD SEÇİM.2.jpg
ABD SEÇİM.3.jpg
ABD SEÇİM.4.jpg

Во Соединетите Американски Држави (САД) се одржаа 59. претседателски избори на кои гласачите гласаа помеѓу актуелниот претседател, Републиканецот Доналд Трамп и неговиот противник Демократот Џо Бајден, поранешниот американски потпретседател,

Со тоа заврши и претседателската трка помеѓу Доналд Трамп и Џо Бајден.

На изборите во 50 сојузни држави и во Порторико како автономна област на САД приближно 250 милиони гласачи гласаа за новиот 59. претседател на САД кој ќе управува со земјата со мандат од 4 години.

Гласачите во САД освен за новиот претседател на државата, гласаа и за новиот состав на Претставничкит дом кој брои 435 пратеници, како и за новите 35 од вкупно 100 членови на Сенатот, двата дома на американскиот Конгрес.

Според добиени првични и сѐ уште неофицијални резултати објавени од страна на новинската агенција „Асошиетед прес (АП), актуелниот претседател и кандидат на Републиканците Доналд Трамп ги доби изборите во Кентаки (8 делегати), Западна Вирџинија (5 делегати), Мисисипи (6 делегати), Алабама (9 делегати), Јужна Каролина (9 делегати), Оклахома (7 делегати), Тенеси (11 делегати), Индијана (11 делегати), Јужна Дакота (3 делегати), Северна Дакота (3 делегати), Вајоминг (3 делегати), Небраска (5 делегати), Луизијана (8 делегати), Арканзас (6 делегати), Канзас (6 делегати), Мисури (10 делегати), Јута (6 делегати), Охајо (18 делегати), Монтана (3 делегати), Флорида (29 делегати), Ајова (6 делегати), Ајдахо (4 делегати), Тексас (38 делегати).

Кандидатот на Демократите, поранешниот американски потпретседател Џо Бајден пак, победи во Вермонт (3 делегати), Вирџинија (13 делегати), Масачусетс (11 делегати), Делавер (3 делегати), Илиноис (20 делегати), Њу Џерси (14 делегати), Мериленд (10 делегати), Newујорк (29 делегати), Конектикат (7 делегати), Колорадо (9 делегати), Вашингтон „Ди-Си“ (3 делегати), Вашингтон (12 делегати), Њу Хемпшир (4 делегати), Рода Ајленд (4 делегати), Ново Мексико (5 делегати), Орегон (7 делегати) ), Калифорнија (55 делегати), Минесота (10 делегати), Хаваи (4 делегати), Аризона (11 делегати), Мејн (3 делегати).

Ве меѓувреме почнува да се разјаснува и распределбата на мандатите и во Сенатот и Претставничкиот дом.

Според објавените вести во американскиот печат, досега бројот на мандати на Демократите во Сенатот изнесува 45, а на Републиканците 44.

Во Претставничкиот дом пак, водат Републиканците со 145 пратеници, а Демократите имаат 119 пратеници. 

Според неофицијални резултати, актуелниот претседател кандидатот на Републиканците достигна до 214 делегати, а неговиот ривал кандидат на Демократите и поранешен потпретседател Џо Бајден има освоени 248 делегати.

Приближно 100 милиони 300 илјади гласови беа употребени во текот на процесот на рано или предвремено гласање, а којшто се применуваше во голем број американски сојузни држави поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во меѓувреме, поради можните улични протести или нереди за коишто се предвидува дека би можело да дојде по соопштувањето на резултатите во главниот град Вашингтон „Ди-Си“ (Washington DC) и во околината на Белата куќа се преземени вонредни безбедносни мерки.

Освен голем број улици во околината на Белата куќа се затворени за влегување и излегување и Паркот Лафајет и Паркот Елипс, наспроти Белата куќа.

Околу Белата куќа и околу сите згради и улици во непосредна близина се поставени високи железни огради.



Слични вести