Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 1.049 починати, 33.908 инфектирани

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 913 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 33.908

1521381
Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 1.049 починати, 33.908 инфектирани

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 220 илјади 535 лица, на случаите на зараза изнесува над 47 милиони 854 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 34 милиони 358 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 238 илјади 641 лице, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 9 милиони 692 илјади 528.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 160 илјади 548 лица, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 567 илјади 126 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 92.593, а на случаите на зараза достигна до 938.405 лица. 

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, бројот на смртните случаи се искачи на 47.250, а на инфектираните изнесува 1 милион 073 илјади 772 лица. 

Во Италија, со раст за уште 353 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 39.412 лица, а на случаите на зараза со регистрирани 28.244 новозаразени достигна до 759.829 лица. Претседателот на Унијата на лекарите на Италија Филипо Анели во споделената објава на својот профил на социјалната медија Фејсбук го напиша следното: „Лекарите се загрижени овој втор бран да не биде бура, туку да стане цунами којшто ќе го наруши здравствениот систем. Затоа бараме од Владата да преземе поригорозни мерки.“ Италијанската влада која за одбрана на економијата колку што е можно избегнува од применување по втор пат на карантин во земјата, во текот на оваа недела се очекува да соопшти нови превентивни мерки..  

Во Франција, во последните 4 дена животот го загубија 854 лица, а се регистрирани дури 36.300 новозаразени. На тој начин бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на вкупно 38.289, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 502 илјади 763 лица. Процентот на позитивни случаи од извршените тестирања на Ковид-19 во земјата се зголеми на 20,6 отсто. Поради брзиот раст во бројот на новите случаи на зараза од Ковид-19 на териториите на цела Франција се применуваат превентивни мерки со ограничување на движењето (излегувањето на улица).

Во Шпанија, бројот на смртните случаи се искачи на 36.495, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 331 илјада 756 лица. 

Во Данска, кадешто од коронавирусот животот го загубија 728 лица, со раст од 1.353 новозазарени во изминатите 24 часа е соопштена највисоката бројка на нови случаи за еден ден. Во Данска се регистрирани 49.594 случаи на зараза од Ковид-19.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 24 починати, а се регистрирани 913 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.049, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 33.908 лица.



 



Слични вести