Ерменската армија истрела врз азербејџанско цивилно населено место топовска граната со бел фосфор

Националната агенција за чистење на мини на Азербејџан (АНАМА) соопшти дека од страна на ерменската армија е извршен напад врз селото Сехлебад кај градот Тертер, со топовска граната со бел фосфор

1521295
Ерменската армија истрела врз азербејџанско цивилно населено место топовска граната со бел фосфор

Ерменската армија во реализиран напад врз азербејџанско цивилно населено место употреби топовска граната со бел фосфор, кој инаку е забранет да се користи како оружје според меѓународните договори.

Во објавеното соопштение од Националната агенција за чистење на мини на Азербејџан (АНАМА) се истакнува дека од страна на ерменската армија е извршен напад со топовска граната со бел фосфор врз селото Сехлебад кај градот Тертер.

Истреланата топовска граната не експлодирала на местото кадешто паднала и поради тоа што не било можно да се пренесе била уништена со најзино контролирано екплодирање од страна на експертите на Националната агенција за чистење на мини на Азербејџан (АНАМА).

 



Слични вести