Азербејџанската армија ослободи уште 7 села, а сруши и еден ерменски воен авион Су-25

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека се ослободени од ерменска окупација уште 7 села кај градовите Џебраил, Зенгилан и Губадли

1521953
Азербејџанската армија ослободи уште 7 села, а сруши и еден ерменски воен авион Су-25

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев соопшти дека азербејџанската армија ослободи од ерменска окупација уште 7 села.

Претседателот Илхам Алиев на својот профил на социјалната мрежа Твитер, ја сподели следната објава: „Победоносната азербејџанска армија ги ослободи од окупација селата Мирек и Кавдар кај градот Џебраил, Мешедиисмајилли и Шефибејли кај градот Зенгилан и Башарат, Каракишилер и Караџалли кај градот Губадли. Да живее азербејџанската армија. Карабах е Азербејџан.“

Инаку, азрбјеџанската армија во рамките на започнатата операција на 27 септември во Нагорно Карабах претходно ослободи од ерменска окупација 4 града, 3 градчиња и приближно 200 села, како и некои значајни ридови.

Во меѓувреме, Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека од страна на азербејџанската армија е соборен ерменски воен авион кој се подготвувал за напад. 

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека Азербејџанските вооружени сили продолжуваат да водат јуначка и самопожртвувана борба за ослободување на сопствените територии кои се наоѓаат под окупација.

Во соопштението се вели следното: "Соборен е уште еден воен авион Су-25 на Ерменија кој се подготвувал за напад. На тој начин бројот на срушените воени авиони во сопственост на Ерменија стана 7."



Слични вести