Азербејџанската армија им нанесе загуби на ерменските сили во текот на ноќта
Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири на фронтот продолжуваат претежно во правците на градовите Тертер, Агдам, Хоџавенд, Зенгилан и Губадли

Азербејџанската армија им нанесува загуби на ерменските сили кои и покрај прогласениот прекин на огнот синоќа, во текот на целата ноќ отворија оган врз азеребјџанските војници во различни правци на фронтот и врз азербејџанските цивилни населени места.
Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири на фронтот продолжуваат претежно во правците на градовите Тертер, Агдам, Хоџавенд, Зенгилан и Губадли.
Во соопштението се вели дека во изминатите 24 часа на различни места на фронтот се уништени 2 тенка „T-72“, 3 хаубици „D-30“, 1 противавионски систем „Застава М-55“, 1 тактично беспилотно летало и 3 камиони натоварени со муниција, а воедно се неутрализирани и голем број ерменски војници.
Се наведува дека ерменските сили по изгубените војници и воената опрема во некои области, се принудени на повлекување.
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се нагласува дека контролата на фронтот е кај азербејџанската армија.
Слични вести

Лавров одговори на реакциите на западниот свет во врска со Навални
Реакциите на западниот свет се обид за прикривање на внатрешните кризи во овие земји