Терористички напад во Виена

Во судирите меѓу меѓу неидентификуваните лица и полициските сили загинало едно лице и еден од напаѓачите

1520528
Терористички напад во Виена

Во терористичкиит напад во близината на синагогата во австрискиот главен град Виена загинаа две лица.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Харалд Сарос за Австриската новинска агенција (АПА) изјави дека во судирите меѓу меѓу неидентификуваните лица и полициските сили загинало едно лице и еден од напаѓачите.

Портпаролот на здравствената установа во Виена, Кристоф Миерау изјави дека во нападот биле повредени 15 лица, од кои здравствената состојба на 7 од нив е во тешка состојба.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер на прес конференцијата истакна дека преживеале еден од тешките денови во историјата на Австрија.

„Во моментов сме под отворен терористички напад. За жал, имаме многу повредени и мртви. Како резултат на несебичната борба на нашите специјални единици, еден напаѓач беше неутрализиран. Според последните информации, другиот напаѓач е во бегство“.

Повторувајќи го предупредувањето дека граѓаните не треба да ги напуштаат своите домови освен ако не е многу задолжително, Нехамер изјави дека треба да се избегнува туристичката област на градот каде што се случи нападот, односно подрачјето прва Виена и повика децата да не се испраќаат во училиште.

Австрискиот премиер Себастијан Курц во објавата преку профилот на социјалните медиуми рече: „Нашата полиција спроведува решителна борба против извршителите на овој грозоморен терористички напад“.

Курц се заблагодари на пораките за солидарност од меѓународната заедница и изрази сочувство на блиските и роднините на оние што ги загубија животите и изрази желба за итно заздравување на повредените.

Од друга страна, претседателот на австриската еврејска заедница Оскар Дојч во објавата преку својот профил на социјалните мрежи изјави дека е затворена синагогата во областа каде се случи нападот, посочувајќи дека сè уште не е познато дали синагогата беше цел на нападот.



Слични вести