Осуден Симпозиумот посветен на 103-та годишнина од прогласувањето на Балфоровата декларација

Од Балфор до нормализацијата ... Овие територии не се продаваат

1520518
Осуден Симпозиумот посветен на 103-та годишнина од прогласувањето на Балфоровата декларација

 

На симпозиумот одржан по повод 103-та годишнина од Балфоровата декларација којашто доведе до формирање на државата Израел на палестинските териториии, беше осудено нормализирањето на односите на Арапските режими со Израел.

Здружението за солидарност со  Палестина (ФИДДЕР) со седиште во Турција, во виртуелна средина одржа симпозум под наслов „Од Балфор до нормализацијата ... Овие територии не се продаваат“.

Претседателот на палестинските научници во странствоНевваф Текури, во говорот на симпозиумот рече дека поминаа 103 проблематични години за палестинскиот народ и исламскиот уммет од Балфорвоата декларација, потенцирајќи дека во овој период, уште повеќе се зголемија упорноста и одлучноста на Палестинците.

Текрури, нормализацијата на односите на некои арапски режими со Израел ја оцени како предавство и рече:

„Оние што ги нормализираат односите со Израел се надвор од волјата на сопствениот народ. Нормализацијата не е добредојдена во Судан. И покрај сите притисоци, граѓаните на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин не ги прифаќаат овие предавства“.

Портпаролот на Народната конференција на палестинската дијаспора, Ахмед Мухајсин рече дека Велика Британија е одговорна за моралната, хуманитарната и политичката ситуација што се случи со Балфор.

Наведувајќи дека Израел е западен колонијален проект, Мухајсин истакна дека проектот има за цел да го отстрани палестинскиот народ од своите територии и да го замени со други луѓе од целиот свет.

Осврнувајќи се на договорите за нормализација, Мухајсин рече: „Сукцесивните договори за нормализација ја откриваат желбата на Израел да ги заземе и престолнините на арапските земји, а не само не само Палестина“.

После Египет (во 1979), Јордан (во 1994) и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин минатиот месец, исто така и Судан ги нормализира своите односи со Израел.

Балфоровата декларација

Во писмото напишано од страна на Артур Џејмс Балфор на 2 ноември 1917 година до британскиот министер за надворешни работи, баронот Валтер Ротшилд кој важеше за една од истакнатите личности на ционистичкото движење, се ветува основање „татковина“ за Евреите на палестинската територии.

Писмото, во историјата е познато како „ Балфоровата декларација“ и се смета за најважна пресвртница во процесот на основање на Израел.



Слични вести