ОН: „Нападите врз цивилите во Нагорно Карабах може да се сметаат за воено злосторство“

Овие напади извршени со кршење на принципот на дискриминација или пропорционалност може да претставуваат воени злосторства

1520520
ОН: „Нападите врз цивилите во Нагорно Карабах може да се сметаат за воено злосторство“

 

Високиот комесар на Обединетите нации (ОН) за човекови права Мишел Башеле предупреди дека нападите врз цивилите во Нагорно Карабах може да се сметат за воено злосторство.

Башеле објави писмено соопштение во врска со документот за нападите врз цивилите во регионот.

Наведувајќи дека нападите извршени неселективно врз „густо населените области во и околу зоната на конфликтот Нагорно Карабах“ се против меѓународното хуманитарно право, Башеле рече дека ваквите напади може да претставуваат воени злосторства.

Башеле во изјавата го наведе следново:

„Овие напади извршени со кршење на принципот на дискриминација или пропорционалност може да претставуваат воени злосторства, а страните во конфликтот се должни ефикасно, навремено, сеопфатно и непристрасно да ги испитаат ваквите прекршувања и да ги гонат оние за кои се тврди дека ги извршиле. Таквите напади мора да бидат запрени и треба да се побара одговорност за нивното извршување или наредување од страна на одговорните“.

Во изјавата на Башеле привлече внимание тоа што не ги осуди ерменските напади врз цивилните населени места во Генџе (Гања), Тертер и Берде во Азербејџан.

Главното обвинителство на Азербејџан соопшти дека во ерменските напади врз азербејџанските цивилни населени места од 27 септември до 29 октомври  биле убиени 91 цивил, а 329 биле повредени.



Слични вести