Азербејџанската армија уништи нови цели и воена опрема на ерменските сили
Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири на фронтот продолжуваат претежно во правците на градовите Агдере, Хоџавенд, Зенгилан и Губадли

Азербејџанската армија им нанесува загуби на ерменските сили кои и покрај прогласениот прекин на огнот синоќа, во текот на целата ноќ отворија оган врз азеребјџанските војници во различни правци на фронтот и врз азербејџанските цивилни населени места.
Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири на фронтот продолжуваат претежно во правците на градовите Агдере, Хоџавенд, Зенгилан и Губадли.
Во соопштението се вели дека во изминатите 24 часа на различни места на фронтот се уништени 4 ракетни системи „Град“, 1 противавионски систем „КУБ“, 9 топови од различен тип и 2 камиони натоварени со муниција, а воедно се неутрализирани и голем број ерменски војници.
Се наведува дека ерменските сили по изгубените војници и воената опрема во некои области, се принудени на повлекување.
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се нагласува дека контролата на фронтот е кај азербејџанската армија.
Во меѓувреме, азербејџанската армија сруши едно тактичко беспилотно летало на Ерменија, кое реализирало извидувачки лет над фронтот.