Азербејџанската армија уништи воен конвој на ерменската армија

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека на 31 октомври (завчера во сабота) околу 17:00 часот по локално време беше уништен воен конвој на ерменската армија којшто се движел во правец на градот Хоџавенд

1519841
Азербејџанската армија уништи воен конвој на ерменската армија

Азербејџанската армија која ги продолжува операциите коишто ги започна за ослободување на своите територии од окупација, уништи воен конвој на ерменската армија.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека на 31 октомври (завчера во сабота) околу 17:00 часот по локално време беше утврден воен конвој на ерменската армија којшто се движел во правец на градот Хоџавенд.

Во соопштението се вели дека ерменскиот воен конвој беше погоден во ист момент ѝ од воздух и со топовски истрели.

Притоа некои од воените возила на конвојот на ерменската армија беа уништени, а војниците беа неутрализирани.

Азербејџанското Министерство за одбрана ги сподели со јавноста и снимките од извршениот напад врз ерменскиот воен конвој.  

Споделени се и вести околу тоа дека во погодениот воен конвој се наоѓал и претседателот на таканаречената ерменска управа во Нагорно Карабах Арајик Харутјунјан.



Слични вести