Хикмет Хаџиев: Ерменската армија и покрај постигнатиот договор во Женева продолжува да ги напаѓа цивилите

Потпретседателот на Азербејџан Хикмет Хаџиев истакна дека од страна на ерменската армија се извршени топовски и ракетни напади врз градовите Тертер, Агдам, Горанбој и Агџабеди

1519353
Хикмет Хаџиев: Ерменската армија и покрај постигнатиот договор во Женева продолжува да ги напаѓа цивилите

Ерменија го прекрши постигнатиот договор вчера во Женева „да не се напаѓаат (таргетираат) цивилниот народ или местата кои не се воени цели“ и повторно изврши топовски и ракетни напади врз азербејџанските цивилни населени места.

Потпретседателот на Азербејџан Хикмет Хаџиев истакна дека од страна на ерменската армија се извршени топовски и ракетни напади врз градовите Тертер, Агдам, Горанбој и Агџабеди.

Хаџиев информира дека денеска од 06:00 часот до 12:00 часот од страна на ерменската армија се истрелани повеќе од 300 гранати врз 32 населени места во 4 града.

Инаку, министерите за надворешни работи на Еременија и Азербејџан вчера во швајцарскиот град Женева се состанаа со учество и на копретседателите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

По средбата, Групата Минск на ОБСЕ соопштија дека двете земји се договорија по прашањето да не се напаѓаат (таргетираат) цивилниот народ или местата кои не се воени цели.

 



Слични вести