Азербејџанската армија продолжува да им нанесува загуби на ерменските сили поготово кај Агдере, Хоџавенд и Губадли

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири продолжуваат претежно во правците на градовите Агдере, Хоџавенд и Губадли

1519161
Азербејџанската армија продолжува да им нанесува загуби на ерменските сили поготово кај Агдере, Хоџавенд и Губадли

Азербејџанската армија продолжи да им нанесува тешки загуби на ерменските сили кои и покрај прогласениот прекин на огнот синоќа, во текот на целата ноќ отворија оган врз азеребјџанските војници во различни правци на фронтот и врз азербејџанските цивилни населени места.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири продолжуваат претежно во правците на градовите Агдере, Хоџавенд и Губадли.

Во соопштението се вели дека во текот на вчерашниот ден и синоќа во текот на целата ноќ се спречени обидите на ерменската армија за напади и дека притоа во различни места на фронтот се уништени и 2 тенка T-72, 3 оклопни пешадиски возила, 2 ракетни системи „Смерч“ и 2 ракетни системи „Град“, 12 топови од различен тип, 1 противавионски ракетен систем „ОСА“, 1 радарско возило и 2 автомобили на ерменската армија, а воедно се неутрализирани и голем број ерменски војници.

Во соопштението се нагласува дека контролата на фронтот е кај азербејџанската армија.

Азербејџанското министерство за одбрана исто така соопшти дека ерменската армија денеска од утринските часови извршува топовски истрели врз градовите Тертер, Агдам и Агџабеди.

Во соопштението на Министерството се истакнува дека денеска се уништени 3 тенка, 1 ракетен систем „Град“, 1 камион натоварен со муниција, 3 хаубици на ерменската армија, а воедно се неутрализирани и голем број ерменски војници. 

на споделените снимки од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан се гледа како со стопроцентно прецизни истрели се уништуваат возила и цели на ерменската армија.



Слични вести