Во ерменските напади досега загинаа 91 азербејџански цивил, над 400 цивили се ранети

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека во реализираните напади од страна на Ерменија од 27 септември до 30 октомври животот го загубија 91 азербејџански цивил, а над 400 цивили се ранети

1518781
Во ерменските напади досега загинаа 91 азербејџански цивил, над 400 цивили се ранети

Во реализираните напади од страна на Ерменија со топови и ракети врз азербејџанските цивилни населени места, досега животот го загубија 91 цивил, а над 400 цивили се ранети.

Главното јавно обвинителство на Азербејџан ги соопшти човечките загуби и причинетите материјални штети во реализираните напади од страна на Ерменија од 27 септември до 30 октомври.

Според тоа, во наведениот период досега животот го загубија 91 азербејџански цивил, а над 400 цивили се ранети.

Во соопштението се вели дека 11 од загинатите цивили во нападите се деца, а 27 жени. Од ранетите пак, 14 се бебиња, 36 деца, а 101 жена.

Во нападите загинаа сите членови на 7 семејства, а 4 деца ги изгубија своите двајца родители, и таткото, и мајката.

Во ерменските напади се оштетени и доведени во неупотреблива состојба 2.442 куќи, 92 повеќеспратни згради и 428 јавни згради.



Слични вести