Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 234 илјади 177 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 9 милиони 213 илјади

1518392
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 186 илјади 393 лица, на случаите на зараза изнесува над 45 милиони 348 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 32 милиони 996 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 234 илјади 177 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 9 милиони 213 илјади.

Во латиноамериканската држава Бразил, која брои приближно 211 милиони и по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 159 илјади 033 лица, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 496 илјади 402 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 90.773, а на случаите на зараза достигна до 912.811 лица. 

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, бројот на смртните случаи се искачи на 45.955, а на инфектираните изнесува 965.340 лица. 

Во Италија, со раст за уште 217 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 38.122 лица, а на случаите на зараза со регистрирани 26.831 новозаразен достигна до 616.595 лица. 

Во Франција, во изминатите 24 часа животот го загубија 250 лица, а се регистрирани дури 47.637 новозаразени. На тој начин бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на вкупно 36.020, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 282 илјади 769 лица. 

Во Шпанија, за еден ден (изминатите 24 часа) животот го загубија 173 лица со што бројот на смртните случаи се искачи на 35.639, а на случаите на зараза со регистрирани 23.580 новозаразени изнесува 1 милион 238 илјади 922 лица. Парламентот ја продолжи до 9 мај вонредната состојба којашто претходно беше прогласена на 25 октомври од страна на Владата на левичарската коалиција, а со цел спречување на ширењето на пандемијата и зголемувањето на случаите на зараза во земјата. Шпанија за прв пат прогласи вонредна состојба во периодот од 14 март до 21 јуни со што за прв пат во својата историја стави во примена вонредна состојба во траење од 6 месеци. Шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила го рече следното: „Времето не е време за олабавување на превентивните мерки. Пред нас се наоѓаат уште потешки месеци.“

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 33 лица, а се регистрирани 4.224 нови случаи, со што бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 2.428 лица, а на случаите на зараза на 132.616 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 14 починати, а се регистрирани дури 862 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 977, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 29.557 лица.

Во претседателската Вила „Водно“ се одржа деветтата седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија со која претседаваше претседателот на државата Стево Пендаровски, кој истакна дека ситуацијата со Ковид-19 во земјата е исклучително сериозна, при што апелираше до граѓаните доследно да ги почитуваат здравствените протоколи. На седницата на Советот за безбедност освен постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

По седницата, претседателот Стево Пендаровски информира дека на дневниот ред била само една точка, актуелната ситуација со коронавирусот (Ковид-19), како и активностите на надлежните органи за сузбивање на пандемијата.

Пендаровски рече дека на седницата министерот Филипче информирал за најновата состојба, за ангажираните капацитети, човечките и материјалните ресурси, за работата на Комисијата за заразни болести и за плановите за работа на болниците низ земјата заради прифаќање на напливот на нови пациенти. Тој рече дека премиерот Зоран Заев информирал за мерките на Владата за поддршка на домашната економија и за сите категории граѓани кои се погодени од епидемијата. Исто така, на седницата било разговарало и за функционирањето на Централниот кризен штаб.

„Поради есенскиот бран на пандемијата здравствениот систем се реорганизира, се ангажираат дополнителни капацитети, се прават максимални напори да се тестираат што е можно повеќе лица и да се згрижат и третираат што е можно повеќе пациенти. За жал, сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува. Секојдневно имаме значителен број заболени, а бројот на оние чии животи згаснуваат поради Ковид-19 исто така е во пораст“, изјави Пендаровски, кој додаде дека и најразвиените земји и најбогатите економии тешко излегуваат на крај со оваа ситуација без преседан.

„Ситуацијата е исклучително сериозна. Човечките и материјалните ресурси се ангажирани практично до својот максимум, а со оглед на тоа што доаѓа сезоната на сезонски грипови, и следните недели нема да биде послесно. Со цел да истраеме, како никогаш досега потребни ни се одговорност, меѓусебна солидарност и претпазливост. Уште еден апел до граѓаните, во отсуство на вакцина или лек, нема друга алтернативна освен доследно почитување на здравствените протоколи: физичка дистанца, носење маски и драстично намален број на дружби и семејни собири. Ве молам, направете го тоа за себе и за своите најблиски“ - порача претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 8 милиони 088 илјади 851 инфектирано лице е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 121.131 лице.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 27.301, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 581 илјада 693 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 34.113 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 596.941. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 10.815 лица, а на случаите изнесува 467.755.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.795 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 332.186.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.508, а на инфектираните достигна до 313.114 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 42.404 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 770 илјади 688.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 19.164 а потоа следуваат Египет со 6.247, Мароко 3.572, Алжир 1.949, Етиопија 1.457, Нигерија 1.141, Кенија 964, Судан 837, Камерун 426 починати.

 



Слични вести