Прашањето Нагорно Карабах може да се реши ако се постигне територијалниот интегритет на Азербејџан

Рускиот експерт Шевченко рече: „Ерменските напади врз цивили се воени злосторства“

1519086
Прашањето Нагорно Карабах може да се реши ако се постигне територијалниот интегритет на Азербејџан

 

Експертите во Русија истакнаа дека прашањето Нагорно-Карабах може да се реши доколку се постигне територијалниот интегритет на Азербејџан.

Рускиот новинар и аналитичар Максим Шевченко направи проценка на судирите во областа Карабах во Азербејџан и ерменските напади врз азербејџанските цивилни населени места.

Посочувајќи дека ерменската армија извршува напади врз цивилните населени места во Азербејџан, Шевченко рече:

„Ерменските напади врз цивили се воени злосторства. Овие напади се терористички акти за убивање и заплашување на цивилите“.

Алудирајќи на можноста за вклучување и на Турција во преговарачкиот процес за Нагорно Карабах, Шевченко рече:

„Учеството на Турција во форматот на преговори во Астана, од дипломатски беше ефикасно во решавањето на сириското прашање“.

Воениот експерт и главен и одговорен уредник на Списанието за национална одбрана Игор Коротченко во врска со прашањето Нагорно Карабах рече дека треба да се реши во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) кои се однесуваат на територијалниот интегритет на Азербејџан,

„Ова е основниот принцип на меѓународното право. Позицијата на Русија е во оваа насока“.

Изјавувајќи дека Русија има подеднаков став кон Азербејџан и кон Ерменија, Коротченко рече:

„Цехот на авантуристичките активности на (ерменскиот премиер Никол) Пашијан не треба да го плаќаме со животот на руските војници“.

Коротченко, во врска со ерменските напади врз азербејџанските цивилни населени места рече:

„Правилата на војување се утврдени со Женевските конвенции. Во овој случај, Ерменија грубо ги крши одредбите на Женевските конвенции. Овие активности не може да се оправдаат“.



Слични вести