Ослободени од ерменска окупација уште 9 села кај градовите Џебраил, Зенгилан и Губадли

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека се ослободени од ерменска окупација уште 9 села кај Џебраил, Зенгилан и Губадли

1518906
Ослободени од ерменска окупација уште 9 села кај градовите Џебраил, Зенгилан и Губадли

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев соопшти дека азербејџанската армија ослободи од ерменска окупација уште 9 села.

Алиев на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели следната објава: „Победоносната азербејџанска армија ги ослободи од окупација селата Худавердили, Курбантепе, Шахваледли и Хубјарли кај градот Џебраил, селата Аладин и Веџнели кај градот Зенгилан и селата Кавдадик, Мемер и Моллали кај градот Губадли. Карабах е Азербејџан.“

Инаку, азрбјеџанската армија во рамките на започнатата операција на 27 септември во Нагорно Карабах претходно ослободи од ерменска окупација 4 града, 3 градчиња и приближно 190 села и некои значајни ридови.



Слични вести