Азербејџанската армија им нанесе тешки загуби на ерменските сили и во текот на вчерашниот ден и ноќта

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека во текот на вчерашниот ден и во текот на целата ноќ синоќа им беа нанесени тешки загуби на ерменските сили кои и покрај прогласениот прекин на огнот отворија оган врз азеребјџанската армија

1518485
Азербејџанската армија им нанесе тешки загуби на ерменските сили и во текот на вчерашниот ден и ноќта

Азербејџанската армија продолжи да им нанесува тешки загуби на ерменските сили кои и покрај прогласениот прекин на огнот синоќа, во текот на целата ноќ отворија оган врз азеребјџанските војници во различни правци на фронтот и врз азербејџанските цивилни населени места.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири продолжуваат претежно во правците на градовите Агдере, Хоџавенд и Губадли.

Во соопштението се вели дека во текот на вчерашниот ден и синоќа во текот на целата ноќ се спречени обидите на ерменската армија за напади и дека притоа се срушени 2 воени авиони од типот Су-25 во сопственост на Ерменија кои се обиделе да извршат напад врз азербејџанските позиции, во правец на градот Губадли на фронтот.

Освен тоа во различни места на фронтот се уништени и 3 тенка T-72, 1 оклопно пешадиско возило, 2 ракетни системи „Смерч“ и 1 ракетен систем „Град“, 10 топови од различен тип,  2 самоодни хаубици „Гвоздика“, 1 противавионски ракетен систем „ОСА“, 1 радарско возило P-18 и 4 автомобили на ерменската армија, а воено се неутрализирани и голем број ерменски војници.

Во соопштението се нагласува дека контролата на фронтот е кај азербејџанската армија.

Министерството за одбрана на Азербејџан вчера воедно соопшти дека се неутрализирани и некои ерменски војници со високи чинови и дека меѓу нив се наоѓа и заменик командантот на Првата армија на ерменските копнени сили Артур Саркисјан.

Од друга страна, Азербејџан вчера во попладневните часови уништи и 1 ракетен систем „Смерч“ на ерменија од чија страна беа таргетирани цивилите во градот Берде.

На споделените снимки од страна на азербејџанското Министерство за одбрана се гледа како еден ерменски ракетен систем „Смерч“ се уништува со стопроцентно прецизен погодок.

Министерството информира дека ракетниот систем е уништен вчера попладне во 15:18 часот по локално време. 

Инаку, во реализираните напади од страна на ерменската армија на 27 и 28 октомври со ракетни системи „Смерч“ со касетни бомби врз азербејџанскиот град Берде кој инаку се наоѓа на оддалеченост од 60 километри од фронтот кадешто се водат судирите, животот го загубија 25 азербејџански цивили, а повеќе од 70 цивили беа ранети.



Слични вести