Во напад со нож во градот Ница во Франција загинаа 2 лица, а има и повредени

Лице изврши напад со нож во близина на една црква во градот Ница во Франција и според првични информации, во нападот загинаа 2 лица, а има и повредени лица

1518071
Во напад со нож во градот Ница во Франција загинаа 2 лица, а има и повредени

Во извршен напад со нож во близина на една црква во градот Ница во Франција, според првични информации, загинаа 2 лица, а има и повредени лица.

Градоначалникот на Ница Кристијан Естроси во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека е приведено лицето од чија страна бил извршен нападот со нож во близина на црквата „Нотр Дам“.

Тој воедно истакна дека нападот се оценува како терористички акт.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин исто така соопшти дека продолжува полициската истрага во врска со инцидентот.



Слични вести