Во Кувајт започната кампања „Бојкот на француските производи, поттикнување на турските производи“

Кувајтчани, во рамките на кампањата за бојкотирање на француските производи преку социјалните медиуми објавија етикети за замена на француските производи со турски производи, со што се упатува повик наместо француски да се купуваат турски производи

1517806
Во Кувајт започната кампања „Бојкот на француските производи, поттикнување на турските производи“

Во Кувајт е започната кампања за „Бојкот на француските производи, поттикнување на турските производи“, а во знак на протест против антиисламската реторика на француските власти и објавувањето на карикатурите со навреда на божјиот пратеник Хазрети Мухамед.

Кувајтчани, во рамките на кампањата за бојкотирање на француските производи преку социјалните медиуми објавија етикети за замена на француските производи со турски производи, со што се упатува повик наместо француски производи да се купуваат турски производи.

Кувајтски активисти објавија фотографии на некои од најупотребуваните француски производи во Кувајт, како и список со турски производи кои можат да бидат купени и заменети со бојкотираните француски производи.

На социјалните медиуми се истакнува дека голем број водечки маркети и продавници во Кувајт ја поддржале и се приклучиле кон кампањата за бојкотирање на француските производи.

Унијата на кооперативите на потрошувачите во Кувајт во која членуваат повеќе од 70 трговски синџири на продажба на мало, претходно соопшти дека заклучно со 23 октомври се кренати сите француски производи од рафтовите во продавниците. 

Министерот за надворешни работи на Кувајт Ахмед Насир ал-Мухамед ал-Сабах, во недела исто така ја информира француската амбасадорка во Кувајт Ен-Клер Легендре дека  треба да пррестанат изјавите на француските власти коишто содржат напади врз исламот.

Шефот на кувајтската дипломатија Ахмед Насир ал-Мухамед ал-Сабах воедно напомена дека неговата земја ги отфрла политиките за поврзување на исламот со тероризмот.

 



Слични вести