Во ерменските напади досега загинаа 90 азербејџански цивили, над 392 цивили се ранети

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека во реализираните напади од страна на Ерменија од 27 септември до 29 октомври животот го загубија 90 азербејџански цивили, а над 392 цивили се ранети

1518094
Во ерменските напади досега загинаа 90 азербејџански цивили, над 392 цивили се ранети

Во реализираните напади од страна на Ерменија со топови и ракети врз азербејџанските цивилни населени места, досега животот го загубија 90 цивили, над 392 цивили се ранети. 

Главното јавно обвинителство на Азербејџан ги соопшти човечките загуби и причинетите материјални штети во реализираните напади од страна на Ерменија од 27 септември до 29 октомври.

Според тоа, во наведениот период досега животот го загубија 90 азербејџански цивили, а над 392 цивили се ранети.

Во ерменските напади се оштетени и доведени во неупотреблива состојба 2.406 куќи, 92 повеќеспратни згради и 423 јавни згради.



Слични вести