Путин: На разговорите за решение во Нагорно Карабах треба да учествува и Турција

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека на разговорите за решение во Нагорно Карабах треба да учествуваат голем број земји, вклучувајќи ја и Турција

1518247
Путин: На разговорите за решение во Нагорно Карабах треба да учествува и Турција

Рускиот претседател Владимир Путин упати повик за итен прекин на огнот во Нагорно Карабах, а воедно апелира да бидат преразгледани предлозите на голем број други земји, вклучувајќи ја и Турција, во врска со разговорите за мир.

Путин истакна дека на разговорите за решение во Нагорно Карабах треба да учествуваат голем број земји, вклучувајќи ја и Турција.

Тој напомена дека долгорочното решение може да се постигне само во случај на надгледување на рамнотежата на интересите на Ерменија и Азербејџан.

„Во прва фаза треба да престанат воените активности, да се стави крај на човечките загуби, да се седне на преговарачката маса и со учество на голем број земји вклучувајќи ја и Турција во Групата Минск на Организацијата за безбендост и соработка на Европа, на основа на предлозите подготвени од страна на копретседателите Русија, Франција и Соединетите Американски држави (САД) да се постигне едногланост во ставовите и да се воспостави рамнотежата на интересите. Тоа можеме да го направиме.“ - рече рускиот претседател Владимир Путин.



Слични вести