Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 233 илјади 130 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 9 милиони 120 илјади

1517863
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 179 илјади 232 лица, на случаите на зараза изнесува над 44 милион 779 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 32 милиони 728 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 233 илјади 130 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 9 милиони 120 илјади.

Во латиноамериканската држава Бразил, која брои приближно 211 милиони и по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 158 илјади 468 лица, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 469 илјади 755 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 90.309, а на случаите на зараза достигна до 906.863 лица. 

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се искачи на 45.675, а на инфектираните изнесува 942.275 лица. 

Во Италија, со раст за уште 205 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 37.905 лица, а на случаите на зараза со регистрирани 24.991 новозаразен достигна до 589.766 лица. 

Во Франција, во изминатите 24 часа животот го загубија 244 лица, а се регистрирани дури 36.437 новозаразени. На тој начин бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на вкупно 35.785, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 235 илјади 132 лица. Со тоа Франција стана земја со најголем број случаи на зараза во Европа. По ваквиот голем раст на случаите, францускиот претседател Емануел Макрон прогласи национален карантин, а со цел ширењето на коронавирусот да се стави под контрола. Заклучно со 30 октомври (утре) до 1 декември ќе се применува ограничување за излегување на улица (движење) на територијата на цела Франција. Универзитетите ќе бидат затворени, а сите други училишта ќе бидат отворени, граѓаните ќе можат да излегуваат надвор само за да одат на работа, да ги обезбедуваат своите потреби од маркетите и да одат во здравствените установи. Баровите, рестораните и продавниците во цела Франција ќе бидат затворени.

Во Шпанија, во изминатите 24 часа животот го загубија 168 лица со што бројот на смртните случаи се искачи на 35.466 лица, а на случаите на зараза на со регистрирани 19.765 новозаразени изнесува 1 милион 136 илјади 503 лица.

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 24 лица, а се регистрирани 3.960 нови случаи. Бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 2.395 лица, а на случаите на зараза на 128.392 лица.

Во Канада, според податоците на Министерството за здравство, во последната една недела се регистрирани 271 смртен случај со што бројот на починатите се зголеми на вкупно 10.051 лице, а со 28.775 регистрирани нови случаи бројот на инфектираните достигна до 225.690 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 14 починати, а се регистрирани дури 870 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 963, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 28.697 лица.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 8 милиони 040 илјади 203 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 120.563 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 26.935, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 563 илјади 976 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 33.714 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 588.648. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 10.770 лица, а на случаите изнесува 463.951.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.775 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 331.108.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.494, а на инфектираните достигна до 312.550 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 42.202 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 759 илјади 578.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 19.111, а потоа следуваат Египет со 6.234, Мароко 3.506, Алжир 1.941, Етиопија 1.451, Нигерија 1.139, Кенија 934, Судан 837, Камерун 426 починати.

 



Слични вести