Европската комисија го повика на итен состанок „Фронтекс“ во врска со туркањето назад на мигрантите

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон истакна дека на состанокот со функционерите на „Фронтекс“ ќе се разговара за активностите за туркање (присилно враќање назад) на мигрантите од страна на Грција и одбраната на нивните основни права

1517826
Европската комисија го повика на итен состанок „Фронтекс“ во врска со туркањето назад на мигрантите

Европската комисија (ЕК), ја повика на итен состанок Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на Европската унија (Фронтекс) поради вестите во однос на тоа дека и помага на Грција со туркањето назад (присилното враќање назад) на мигрантите кон отворено море.

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон информира дека Управниот одбор на „Фронтекс“ е повикан на „итен состанок“ на 10 ноември.

Јохансон истакна дека на состанокот со функционерите на „Фронтекс“ ќе се разговара за активностите за туркање назад (присилно враќање назад) на мигрантите од страна на Грција и одбраната на нивните основни права.

Инаку, Управниот одбор на Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на Европската унија (Фронтекс) се состои од претставници на земјите членки на Европската унија (ЕУ) и од двајца претсавници на Европската комисија (ЕК).

Во соопштението спроведено од страна на германското списание „Дер Шпигел“ се истакнува дека грчката крајбрежна стража ги туркаат (присилно враќаат назад) кон отворено море мигрантите за да не дојдат во Грција и дека во спротивност со меѓународното право во овие операции е вклучен и „Фронтекс“. 

Се вели дека, еден авион користен од страна на „Фронтекс“ ги сопрел мигрантите, дека снимките од камерата на авионот биле пренесени во живо во седиштето на „Фронтекс“ во главниот град на Полска, Варшава, но дека од страна на агенцијата не била испратена помош во оваа област за спасување на мигрантите.

И покрај тоа што е докажано и документирано од страна на германското списание „Дер Шпигел“ и од други медиуми како мигрантите се туркаат и се враќаат присилно назад, грчката Влада го отфрла и негира тоа дека мигрантите се враќаат присилно во Турција. 

Агенцијата за гранична и крајбрежна стража на Европската унија (Фронтекс) истакна дека по вестите околу тоа дека и се дава поддршка на Грција во туркањето назад (присилното враќање) на мигрантите во Егејското Море е покрената истрага внатре во Агенцијата, меѓутоа наведе дека засега не се пронајдени наоди коишто се во својство на доказ за обвинувањата „за туркање“, односно присилно враќање назад на мигрантите.



Слични вести