Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев: Ерменија повторно ги нападна цивилите, загина еден Азербејџанец

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев во своето последно објавено соопштение истакна дека Ерменија изврши напад врз градот Горанбој кадешто во селото Тап загина еден цивил

1518237
Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев: Ерменија повторно ги нападна цивилите, загина еден Азербејџанец

Во реализиран ракетен напад од страна на ерменската армија врз градот Горанбој животот го загуби еден цивил.

Ерменија ги продолжува нападите врз цивилите на териториите на Азербејџан.

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев во своето последно објавено соопштение истакна дека Ерменија изврши напад врз градот Горанбој.

Хаџиев рече: „Во реализираниот ерменски напад во селото Тап загина уште еден цивил. Ракетата падна врз покривот на една куќа. Ерменија извршува воено злосторство.“

Заедно и со овој последен извршен напад, бројот на загинатите во нападите на Ерменија врз цивилите се зголеми на 91 лице. Во нападите се ранети над 400 цивили.



Слични вести