Азербејџанската армија продолжува да им нанесува тешки загуби на ерменските сили

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека синоќа се уништени 2 тенка T-72, 2 ракетни системи „Град“, 14 топови од различен тип, неколку станици и 6 автомобили на ерменската армија и дека воедно се неутрализирани и голем број ерменски војници

1517873
Азербејџанската армија продолжува да им нанесува тешки загуби на ерменските сили

Азербејџанската армија им нанесе тешки загуби на ерменските сили кои и покрај прогласениот прекин на огнот синоќа, во текот на целата ноќ, отворија оган врз азеребјџанските војници во различни правци на фронтот и врз азербејџанските цивилни населени места.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири продолжуваат претежно во правците на градовите Хоџавенд, Фузули и Губадли.

Се вели дека во различни места на фронтот се уништени 2 тенка T-72, 2 ракетни системи „Град“, 14 топови од различен тип, неколку станици и 6 автомобили на ерменската армија и дека воедно се неутрализирани и голем број ерменски војници.

Во соопштението се нагласува дека контролата на фронтот е кај азербејџанската армија.

Министерството за одбрана на Азербејџан воедно соопшти дека се неутрализирани и некои ерменски војници со високи чинови и дека меѓу нив се наоѓа и заменик командантот на Првата армија на ерменските копнени сили Артур Саркисјан.



Слични вести