Азербејџан сруши 2 воени авиони Су-25 на Ерменија

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека денеска околу 13:18 часот и 13:20 часот по локално време се срушени два ерменски воени авиони од типот Су-25 кои се обиделе да извршат напад врз азербејџанските позиции во правец на градот Губадли

1518082
Азербејџан сруши 2 воени авиони Су-25 на Ерменија

Азербејџан сруши 2 воени авиони Су-25 на Ерменија.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека денеска околу 13:18 часот и 13:20 часот по локално време 2 воени авиони од типот Су-25 во сопственост на Ерменија се обиделе да извршат напад врз азербејџанските позиции во правец на градот Губадли на фронтот.

Во соопштението се вели дека и двата ерменски воени авиони Су-25 беа уништени (срушени) од страна на азербејџанските сили за противвоздушна одбрана.



Слични вести