Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 1.172.000.

1517519
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

 

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 1.172.000. Бројот на заразени изнесува над  44.289.230, а бројот на оздравените над 32.470.790.

Бројот на смртните случаи во Во Соединетите Американски Држави (САД) поради Ковид-19 се зголеми на 232.084, а бројот на заразени на 9.038.30.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа во Велика Британија поради вирусот се зголеми за 367 и тоа е најголем дневен број на смртни случаи во последните 5 месеци. Вкупниот број на смртни слуачи се зголеми на 45.365, а бројот на инфектираните со раст од 22.885 се зголеми на 917.575.

Во последните 24 часа во Франција, како последица на епидемијата е забележан најголем број на смртни случаи во последните 6 месеци. Имено за само еден умреа 523 лица, така што вкупниот број се зголеми на 35.541. Бројот на инфектираните се зголеми за 33. 417 и изнесува над 1.198.695.

Во Шпанија, во последните 24 часа од Ковид-19 умреа 267 лица, така што ројот на смртните слуаи се зголеми на 35.298. Во истиот период во оваа земја беа регистрирани 18.418 нови случаи на инфектирани, така што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.116.738.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија се зголеми на  37.700. Бројот на заразените во оваа земја изнесува  564.778. На вчерашните протести на екстремната десница во главниот град Рим, против мерките коишто се преземени за спречување на  ширењето на епидемијата „Ковид-19“ имаше судири. Безбедносните сили интервенираа со воени топови и солзавец врз групата која извикуваше „Слобода, слобода“ и ја пееше италијанската национална химната и палеше факели. На протестите беа приведени 16 лица.

Португалското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 28 лица и биле регистрирани 3.299 нови случаи. Бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 2.371, а бројот на инфектираните на 124.432. Амбасадата на Португалија во Рим, во соопштението што го објави на својата веб-страница, ги повика своите граѓани кои живеат во Италија „што побрзо да се вратат во земјата против ризикот од општ карантин прогласен во земјите на Европската унија (ЕУ), суспендирањето на летовите и затворањето на границите“.

Досега во Австралија поради Ковид-19 починаа 907 лица. 27.552 лица во земјата беа заразени со вирусот. Во Мелбурн, главниот град на сојузната држава Викторија, каде што се регистрирани најголем број на смртни случаи и инфектирани од Ковид-19, укинати се строгите забрани што траат околу 4 месеци. Во градот, каде што со започнувањет на вториот бран на вирусот, дневниот број на смтни случаи се зголеми на 725, најпрвин бројот на нови инфектирани се намали на едноцифрен, а потоа два дена по ред беше регистриран како нула, освен сите деловни простори и работни места во малопродажниот сектор, повторно почнаа да работат хотелите, кафетериите, козметичките салони, рестораните и пиварници.

Состојбата на смртните случаи од Ковид-19 во некои други земји се како што следува:

Бразил (157.981), Мексико (89.171), Перу (34.257), Колумбија (30.565), Аргентина (29.730), Чиле (14.026), Еквадор (12.588), Белгија (11,038), Германија (10.263) и Канада (10.001).



Слични вести