Терористички напад со мотоцикл во Африн во Сирија
Безбедносните извори истакнаа дека бомбашките напади во областа којашто е исчистена од тероризам, се извршуваат од страна на сепаратистичко-терористичка организација ЈПГ/ПКК

Во терористичкиот напад извршен со мотоцикл натоварен со експлозив во областа Африн, која е под контрола на опозицијата во северна Сирија загинаа 2, а 10 цивили беа повредени
Во центарот на областа Африн, која беше исчистена од тероризмот со операцијата „Маслиново гранче“ (јануари-март 2018 година) спроведена од турските вооружени сили, експлодираше бомбата поставена на еден мотоцикл.
Во терористичкиот напад животот го загубија 2, а 10 цивили беа повредени.
Безбедносните извори истакнаа дека бомбашките напади во областа којашто е исчистена од тероризам, се извршуваат од страна на сепаратистичко-терористичка организација ЈПГ/ПКК, но бидејќи истите им нанесуваат штета на цивилите, организацијата се воздржува од преземање на одговорност за нападите.
Терористите на ЈПГ/ПКК, кои согласно меморандумот меѓу Турција и Русија од 22 октомври 2019 година, треба да се повлечат од Тел Рифат, честопати во подрачјата Баб, Азез, Џераблус и Африн извршуваат терористички напади.
Слични вести

Шведската влада ќе испрати дипломати во Турција за да разговараат за членството во НАТО
Русија ја наруши нашата сливна област, тие направија кампањи за дезинформации дека ние сме нацисти

Зорн: „Германската армија има многу малку муниција во залихи и потребни им се 20 милијарди евра“
Со заштеда на муниција и резервни делови се финансирале и други проекти.