Нема поддршка од Меланшон на Макрон во дискусиите со Ердоган

Зошто претседателот на Франција не го испитува сојузништвото со Турција во НАТО, со која се конфронтира во однос на прашањата како што се Сирија и Либија?

1516838
Нема поддршка од Меланшон на Макрон во дискусиите со Ердоган

 

Поранешниот претседателски кандидат на Франција, лидер и пратеник на екстремно левичарското движење „Непоколеблива Франција“ Жан-Лук Меленшон рече дека неговата земја нема да го поддржува претседателот Емануел Макрон во дискусијата со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Во интервјуто за француското радио „Интер“, Меленшон изјави дека повеќе пати го поддржувал претседателот Емануел Макрон, но најдоброто нешто што може да го стори сега е да молчи.

„Зошто претседателот на Франција не го испитува сојузништвото со Турција во НАТО, со која се конфронтира во однос на прашањата како што се Сирија и Либија?“  рече Меленшон и додаде:

„Макрон целосно ја изгуби контролата над ситуацијата“.

Екстремниот левичарски лидер во продолжение рече:

„Сега подобро е претседателот да размисли каква ќе биде неговата стратегија во иднина, наместо да моли за поддршка. Франција стана мета на исмејување, што планира да направи (Макрон) освен да објавува твитови?“

По убиството со обезглавување на наставникот на 16 октомври во франција, кој на своите ученици им покажа карикатури со навредлива содржина на божјиот пратеник Мухамед, изјавата на Макрон која главно беше насочена против исламот и муслиманите како и одлуката за рефлектирање на истите карикатури на sидовите на зградите, предизвикаа големи реакции и протести кај исламскиот свет.

По тој повод во многу земји како што се Катар, Кувајт, Алжир, Судан, Палестина и Мароко започна бојкот против француските производи.

Вчера и претседателот Реџеп Тајип Ердоган во обраќањето до нацијата порача: „Исто како што Франција порачува „Не купувајте брендирани производи од Турција“, сега и јас ја повикувам мојата нација никогаш да не им делат комплименти на француските брендови и да не ги купуваат истоте“ и ги повика граѓаните на бојкот против француските производи.



Слични вести