Азербејџанската армија продолжува да ги проширува териториите на кои ја воспоставува контролата

Азербејџанската армија продолжува да ги проширува териториите на кои ја воспоставува контролата пред ерменските сили кои пак продолжуваат да претрпуваат големи загуби

1515488
Азербејџанската армија продолжува да ги проширува териториите на кои ја воспоставува контролата

Како што се истакнува продолжуваат операциите коишто ги започна азербејџанската армија за ослободување на своите окупирани територии.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се  истакнува дека операциите продолжија со променлив интензитет синоќа во текот на целата ноќ во правец на градовите Агдере, Хоџавенд, Фузули, Хадрут, Губадли и Лачин. 

Ерменските сили отворија оган со тенкови, топови и хаубици азербејџанската армија,  додека пак азербејџанската армија согласно планот на операцијата ги продолжи своите активности во наведените правци и уште повеќе ги прошири териториите на кои ја воспостави контролата.

Во соопштението на Министерството се вели дека азербејџанската армија го ослабе отпорот на ерменските сили во областите на градовите Хоџавенд, Губадли и Лачин кадешто постигна напредок во различни нови правци, додека ерменските сили претрпеа големи загуби во правците на Агдере и Хоџавенд. 

Како што се истакнува ерменските сили снемале муниција и им биле неутрализирани топовските батерии.

Првиот баталјон на 543. полк на ерменската армија кој беше донесен во Губадли поради претрпени големи загуби на војници и воена опрема се повлекла назад, а е неутрализиран и голем дел од војниците кои од градот Тсагкадзор од провинцијата Котајк во Ерменија биле испратени од Нагорно Карабах.

Ви соопштението се истакнува дека азербејџанската армија во различни правци на фронтот уништи 2 тенка, 2 оклопни возила, 4 хаубици D-30, 1 Giasint-B топ 2A36 и 7 автомобили на ерменските сили.

Како што се вели продолжуваат судирите во должина на целиот фронт и дека состојбата е под контрола на азербејџанската армија.



Слични вести