Напад со две балистички ракети врз Џераблус на северот на Сирија: Загинаа 5 лица, 15 мина се ранети

Во реализиран напад со две балистички ракети врз градчето Џераблус на северот на Сирија загинаа 5 лица, а 15 мина се ранети

1514999
Напад со две балистички ракети врз Џераблус на северот на Сирија: Загинаа 5 лица, 15 мина се ранети

Во реализиран напад со две балистички ракети врз градчето Џераблус во северниот дел на Сирија, чие подрачје со операцијата Еуфратски штит е исчистено од терористите, загинаа 5 лица, а 15 мина се ранети.

Џераблус се наоѓа во непосредна близина на границата на Турција, веднаш наспроти населеното место Каркамиш кај градот Газиантеп. 

По реализираниот ракетен напад се појави пожар во рафинериите за нафта. 

Екипите за цивилна одбрана познати како Бели беретки започнаа активности за гаснење на пожарот. 

Како што се тврди балистичките ракети биле истрелани од аеродромот Хамим кај градот Латакија.



Слични вести