Мајк Помпео и Џејхун Бајрамов во Вашингтон разговараа за случувањата во Нагорно Карабах

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов се состанаа во Вашингтон кадешто разговараа за случувањата во Нагорно Карабах и други актуелни прашања

1515135
Мајк Помпео и Џејхун Бајрамов во Вашингтон разговараа за случувањата во Нагорно Карабах

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов се состанаа во Вашингтон кадешто разговараа за случувањата во Нагорно Карабах. 

Според објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Азербејџан, азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов го информира својот американски колега Мајк Помпео за неконструктувната политика на Ерменија, намерното отворање оган врз азербејџанските цивили, војувањето на страната на Ерменија на платениците и терористичките групи кои се носат од странство и за други прашања.

Бајрамов истакна дека праведниот став на Азербејџан во врска со Нагорно Карабах се потпира на четирите резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и поврзаните документи на другите меѓународни организации.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов на остварената средба во Вашингтон разговараа и за други прашања посветени на односите помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Азербејџан.



Слични вести