Азербејџанската армија зеде под контрола значајни линии за комуникација

Азербејџанската армија во текот на судирите коишто продолжија во текот на целата ноќ зеде под контрола значајни линии за комуникација

1515172
Азербејџанската армија зеде под контрола значајни линии за комуникација

Како што се истакнува азербејџанската армија ги продолжува операциите коишто ги започна за ослободување на окупираните територии на Азербејџан.

Во објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за одбрана се истакнува дека операциите продолжија со променлив интензитет во текот на целата ноќ во правец на градовите Агдере, Хоџавенд, Фузули, Хадрут и Губадли.

Ерменските сили отворија оган со топови и хаубици врз одбранбената линија на азербејџанската армија, а потоа со отворениот против оган од страна на азербејџанската армија им се нанесени сериозни загуби на ерменските сили во правците на градовите Хоџавенд, Фузули и Губадли.

Како што се истакнува се уништени магацините со оружје и муниција и резервоарите со гориво на ерменската армија и дека ерменските сили се повлекле во некои правци.

Азербејџанската армија уништија неколку пунктови за поддршка на ерменските сили, зедоа под контрола значајни линии за комуникација и спаси од окупација значајни ридови.

Како што се истакнува судирите продолжуваат во должина на целиот фронт и ситуацијата е под контрола на азербејџанската армија.



Слични вести