Пофалби од Путин на сметка на Ердоган

Расте обемот на соработка со Турција. Турција е наш сосед

1514433
Пофалби од Путин на сметка на Ердоган

 

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека проектите со Турција се реализираа благодарение на одлучноста на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и потенцираше дека „Ердоган води независна надворешна политика и покрај притисокот“.

Владимир Путин преку видео конференција одговараше на прашањата на состанокот на Меѓународниот клуб за дискусии Валдај.

На едно прашање на новинарите: „Дали Русија е во позиција да биде посредник во решавањет на напнатоста меѓу Турција и Франција на истокот на Средоземното море?“ Владимир Путин рече дека неговата земја има добри односи и со Франција и со Турција.

„Иако не целосно, со Франција имаме добри и одржливи односи. Расте обемот на соработка со Турција. Турција е наш сосед. Нашите односи се важни како за Турција така и за Русија. Во овој случај, не мислам дека има потреба од наше посредство меѓу двете земји. И Турција и Франција се земји кои сами можат да ги решат своите односи. И покрај тоа што позицијата на Ердоган изгледа остра, јас знам дека тој е флексибилен. Со него може да се разговара на заеднички јазик. Затоа се надевам дека оваа ситуација ќе се подобри“.

Надоврзувајќи се и на односите меѓу Турција и Русија, Владимир Путин истакна дека обемот на билатералната трговија изнесува над од 20 милијарди долари.

Во тој контекст Путин рече:

„Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и покрај притисоците следи независна надворешна политика. Сонего за многу кратко време го остваривме проектот Турски тек. Но, не можеме да го сториме тоа брзо со Европа“.

Потсетувајќи дека со Европа имаа проблеми во реализацијата на гасоводниот проект „Северен тек 2“, Владимир Путин рече:

„Додека со Турција, и покрај реакциите, со разбирање на нашите сопствени национални вредности (проектот Турски тек) го реализиравме многу побрзо. Ердоган тогаш рече дека ние ќе го сториме тоа и го сторивме. Турција реши да го купи системот С-400 и го купи. Убаво и безбедно е да се работи со таков партнер“ рече Путин.



Слични вести