Илхам Алиев: Ослободени се од ерменска окупација уште 13 села

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на својот профил на Твитер соопшти дека се ослободени од ерменска окупација уште 13 села

1514898
Илхам Алиев: Ослободени се од ерменска окупација уште 13 села

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека се ослободени од ерменска окупација уште 13 села.

Алиев на својот профил на Твитер ја сподели следната објава: „Победоносната азербејџанска армија ги ослободи од окупација селата Доланар и Бунјадли кај градот Хоџавенд, селата Даг Тумас, Нусус, Хелефли, Минбашили и Вејселли кај градот Џебраил и селата Венедли и Мирзехесенли кај градот Зенгилан. Карабах е на Азербејџан.“

Претседателот Илхам Алиев исто така ја даде и радосната вест дека се ослободени од окупацијата на Ерменија и селата Зиланли, Ќурт Махризли, Муганли и Алакуршак кај градот Дубадли.

Инаку, азрбјеџанската армија во рамките на започнатата операција на 27 септември во Нагорно Карабах претходно ослободи од ерменска окупација 3 градови, 3 градчиња и повеќе од 130 села и некои значајни ридови.



Слични вести