Илхам Алиев: Ослободени се од ерменска окупација 20 села и 1 градче

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека се ослободени од ерменска окупација уште 20 села и 1 градче

1514902
Илхам Алиев: Ослободени се од ерменска окупација 20 села и 1 градче

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека се ослободени од окупацијата на Ерменија 20 села и 1 градче и дека целосно е воспоставена контролата во областите кои беа под окупација во должина на азербејџанско-иранската граница. 

Алиев во споделената објава напиша: Јуначката азербејџанска армија ги ослободи од окупација селата Моллавели, Јукари Рефидинли и Ашаги Рефидинли кај Фузули, селата Сирик, Шихлар, Местелибејли и Дерзили кај градот Џебраил. Да живее азербејџанската армија. Карабах е на Азербејџан."

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја соопшти и радосната вест во однос на тоа дека се ослободени од ерменска окупација и селата Коллукишлак, Малаткешин, Кенд Зенгилан, Генлик, Великулубејли, Карадере, Чопедере, Татар, Тири, Емирханли, Каркулу, Бартаз и Деллекли кај градот Зенгилан, како и градчето Агбенд.

Велејќи дека со повторното ослободување на градчето Агбенд целосно се ставени под контрола деловите од азербејџанско-иранската граница под окупација, Алиев им честита на народите на, Азербејџан и Иран. 

Инаку, азрбјеџанската армија во рамките на започнатата операција на 27 септември, во Нагорно Карабах претходно ослободи од ерменска окупација 3 градови, 2 градчиња и повеќе од 112 села и некои стратешки ридови.

 



Слични вести