Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 227 илјади 409 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 8 милиони 584 илјади 819

1513633
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 136 илјади 341 лицe, на случаите на зараза изнесува над 41 милион 487 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 30 милиони 914 илјади заболени од вирусот.

Се забележува голем раст во бројот на случаите на зараза особено во Европа, што става до знаење дека интензивно се шири вториот бран на коронавирусот. 

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 227 илјади 409 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 8 милиони 584 илјади 819. Во последната една недела бројот на регистрираните случаи дневно просечно изнесува околу 60 илјади, така да експерти очекуваат да дојде до уште повеќе зголемување на бројките.

Во латиноамериканската држава Бразил, која брои приближно 211 милиони и по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 155 илјади 459 лица, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 300 илјади 649 лица. Во меѓувреме, е соопштено дека починал и еден 28 годишен бразилски лекар доброволец кој учествувал на тестирањето на вакцината против новиот тип коронавирус развиена од страна на Универзитетот Оксфорд.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 522 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 87.415, додека со регистрирани 6.845 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 867.559 лица. 

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, во изминатите 24 часа починаа 191 лице, а се регистрирани дури 26.688 новозаразени. На тој начин бројот на смртните случаи во земјата се искачи на 44.158, а на инфектираните достигна до вкупно 789.229 лица. 

Во Италија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 36.832, а на случаите на зараза достигна до 449.648 лица. 

Во Шпанија, бројот на смртните случаи се искачи на 34.366 лица, а на случаите на зараза на 1 милион 046 илјади 641 лице. Шпанија е земја со најголем број случаи на зараза во Европа.

Во Франција, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 34.048, а на случаите на зараза изнесува 957.421. 

Во Германија, досега има 10 илјади починати и 391.355 случаи на зараза. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан исто така имаше позитивен тест на Ковид-19 и како што се истакнува се наоѓа во самоизолација во својот дом.

Во Белгија, која е мала земја и според бројот на населението е на трето место по смртните случаи во светот, бројот на починатите од коронавирусот достигна до 10.539 лица. Во земјата која брои околу 11 милиони 400 илјади жители секојдневно поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го губат повеќе од 30 лица. Исто така и бројот на случаите на зараза во Белгија во споредба со претходната недела со раст од 68 отсто достигна до вкупно 253.386 лица.

Во Португалија, бројот на смртните случаи се зголеми на 2.229 лица, а на случаите на зараза на 106.271 лице.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 12 починати, а се регистрирани рекордни 641 случај на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 862, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 24.836 лица.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 7 милиони 706 илјади 946 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 116.653 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 24.952, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 447 илјади 335 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 31.346 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 545.286. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 10.418 лица, а на случаите изнесува 438.265.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.702 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 325.480.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.291, а на инфектираните достигна до 307.335 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 40.544 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 685 илјади 448.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 18.741, а потоа следуваат Египет со 6.155, Мароко 3.079, Алжир 1.880, Етиопија 1.384, Нигерија 1.125, Кенија 858, Судан 836, Камерун 425починати.

 



Слични вести