Јенс Столтенберг: НАТО не е страна во судирот во Нагорно Карабах

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека го потсетил ерменскиот претседател Армен Саркисјан дека НАТО не е страна во судирот во Нагорно-Карабах

1513651
Јенс Столтенберг: НАТО не е страна во судирот во Нагорно Карабах

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по остварената средба со претседателот на Ерменија Армен Саркисјан во штабот во белгискиот главен град Брисел, даде изјава за претставниците на печатот.

Столтенберг истакна дека на средбата го потсетил ерменскиот претседател Армен Саркисјан дека НАТО не е страна во судирот во Нагорно-Карабах. 

Велејќи дека со Саркисјан разговарале за ситуацијата во Нагорно Карабах, Столтенберг рече: „Го потсетив почитуваниот претседател дека НАТО не е дел од овој судир. Ѝ Азербејџан ѝ Ерменија, повеќе од 25 години како се ценети партнери на НАТО.“

Нагласувајќи дека НАТО е загрижен поради прекршувањето на прекинот на огнот, Столтенберг го нагласи значењето да се стави крај на недоразбирањата, да престанат болките и да се изнајде мировно решение.

Тој ги повика страните да покажат воздржаност и да се придржуваат кон прекинот на огнот, а воедно појасни дека НАТО посакува што поскоро да се намали затегнатоста.

„Таргетирањето на цивилите е неприфатливо и треба веднаш да престане. Секој треба да работи за изнаоѓање на трајно политичко решение. Ерменија и Азербејџан треба да ги продолжат преговорите“ - порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
 



Слични вести