Илхам Алиев: Во случај на испраќање мировни сили во Нагорно Карабах, Азербејџан ќе ги постави своите услови

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави за јапонскиот весник „Никеи“ дека не се противат на испраќањето на мировни сили во Нагорно Карабах, меѓутоа напомена дека Азербејџан ќе ги постави своите услови по ова прашање

1514149
Илхам Алиев: Во случај на испраќање мировни сили во Нагорно Карабах, Азербејџан ќе ги постави своите услови

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев даде изјава за јапонскиот весник „Никеи“ кадешто се осврна на ситуацијата во Нагорно Карабах и судирите со Ерменија.

Алиев истакна дека не добил покана од рускиот претседател Владимир Путин за разговарање во врска со прашањето со Нагорно Карабах.

Тој напомена дека не се противат на испраќањето на мировни сили во Нагорно Карабах и рече: „Меѓутоа, Азербејџан ќе ги постави своите услови по ова прашање.“

Илхам Алиев нагласи дека прекинот на огнот ќе биде долгорочен доколку Ерменија се остане приврзана кон преговорите и доколку даде сериозно ветување за напуштање на областите коишто ги држи под окупација.

Укажувајќи на тоа дека Турција е најблискиот сојузник на Азербејџан, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го подвлече следното: „Доколку денеска ги избираме копретседателите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), Азербејџан сигурно ќе ја поддржи кандидатурата на Турција.“

Освен тоа, Алиев уште еднаш нагласи дека никогаш нема да се одржи референдум во Нагорно Карабах.“



Слични вести