Ерменските сили се повлекоа од некои значајни ридови и позиции во правец на Губадли

Ерменските сили кои синоќа отворија оган со топови и хаубици врз одбранбената линија на азербејџанската армија, претрпеа загуби на некои значајни ридови и позиции во правец на градот Губадли и мораа да се повлечат

1513813
Ерменските сили се повлекоа од некои значајни ридови и позиции во правец на Губадли

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека операциите во правците на градовите Агдере, Агдам, Фузули, Џебраил, Зенгилан и Губадли продолжија во текот на ноќта со променлив интензитет.

Во соопштението се вели дека ерменските сили синоќа отворија оган со топови и хаубици врз одбранбената линија на азербејџанската армија, меѓутоа претрпеа загуби на некои значајни ридови и позиции во правец на градот Губадли и мораа да се повлечат.

Се истакнува дека има голем број ранети меѓу војниците на батеријата Д-20 на 150. топовски полк на ерменската армија која се наоѓа во правец на градот Хоџавенд и дека поради недостаток од возила и затворените (блокираните) патишта, ранетите војници не можат да се евакуираат.

Новодојдените доброволци во топовските единици во северниот дел на Хадрут ги напуштиле своите позиции и избегале, додека во отворениот топовски оган од страна на азербејџанската армија врз 5. полк во правец на Агдере биле неутрализирани голем број ерменски војници.

Командантот на третиот баталјон на полкот исчезнал, а штабниот началник бил убиен. При уништување на подземната скривница имало голем број загуби меѓу ерменските сили.

Бил ранет командантот на 543. полк , а неговиот заменик бил убиен.

Освен тоа, загинале командантот на првиот баталјон на полкот, заменик командантот и командантите на топовската единица, додека војниците на една единица на првиот баталјон одбиле да војуваат.

Се истакнува дека судирите продолжиле во текот на целата фронтова линија и дека контролата е кај азербејџанската армија.

 



Слични вести