Ерменскиот премиер Никол Пашинјан: Треба да сфатиме дека долго време ќе нема дипломатско решение

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук упатувајќи повик до своите граѓани „да дојдат на фронтот да војуваат“, тврди дека проблемот Нагорно Карабах во оваа фаза не може да се реши по дипломатски пат

1513545
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан: Треба да сфатиме дека долго време ќе нема дипломатско решение

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук направи проценка на процесот во Нагорно Карабах којшто всушност започна со нападите реализирани од страна на Ерменија и противнападот и операцијата на азербејџанската армија со која досега се ослободени од окупација голем број населени места.

Пашинјан, упатувајќи повик до своите граѓани „да дојдат на фронтот да војуваат“, тврди дека проблемот Нагорно Карабах во оваа фаза не може да се реши по дипломатски пат и го вели следното: „Треба да сфатиме дека и долго време ќе нема дипломатско решение.“

Повикувајќи го народот „на фронтот“ поради претрпените тешки загуби на ерменската армија, ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече: „Се додека се постигне дипломатско решение сите граѓани треба да се борат со оружје в рака. Сите стопанственици и ученици од Нагорно Карабах теба да се вратат во Нагорно Карабах и да стапат во воена служба во армијата.“ 

Инаку, азербејџанската армија во рамките на противнападот и операцијата што ја започна на 27 септември за ослободување на окупираните азербејџански територии, досега ослободи од ерменска окупација 3 града и повеќе од 100 населени места.



Слични вести