Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев: Ерменија во војната ги користи терористите на ПКК

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев истакна дека Ерменија ги користи во првите редови во судирите во Нагорно Карабах терористите членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1513578
Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев: Ерменија во војната ги користи терористите на ПКК

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев говореше на манифестацијата преку интернет во организација на Здружението на странските новинари во Велика Британија.

Овде Хаџиев истакна дека Ерменија ги користи во првите редови во судирите во Нагорно Карабах терористите членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Велејќи дека целосно го отфрлуваат тврдењето околу тоа дека се носени борци од Сирија во Азербејџан, Хаџиев рече: „Како прво, ние немаме потреба од такво нешто. Ние имаме доста професионална армија. А имаме доволно и резервни сили.“

Хаџиев привлече внимание дека во редовите на Ерменија пак, има борци од други странски земји и напомена дека освен од Сирија и Либан кон редовите на ерменските вооружени сили се приклучени и Ерменци од Соединетите Американски Држави (САД), Канада и особено од Франција.

Тој посака да се сопре искористувањето од страна на Ерменија во војната на лица од ерменско потекло кои живеат во странство и кои војуваат против азербејџанската армија и ги убиваат азербејџанските цивили.

„Ние истовремено сме загрижени од тоа што во војната е вклучена сепаратистичко-терористичката органзиација ПКК. И тие заземаат место во редовите на ерменските вооружени сили. Всушност, (терористите на ПКК) се испраќаат во првите редови на ерменските вооружени сили.“ - истакна Хаџиев.

Велејќи дека постои загриженост и по прашањето на тоа што од страна на различни земји ѝ се носи оружје на Ерменија, азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев својот говор го продолжи со следните зборови: „Ерменската страна ги користи цивилните авиони. Тоа е во спротивност со правилата на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство. Во цивилни авиони се товарат ракетни системи. Освен тоа, се испраќаат оружје и ракети под името 'хуманитарна помош'. Ерменија користејќи го својот службен авион како да остварува официјална посета, носи оружје во својата земја. Со нив пак, ги убиваат азербејџанските цивили. И тоа треба да се испита од страна на меѓународните медиуми.“

Хаџиев исто така нагласи дека помеѓу Турција и Азербејџан постои специјална братска врска.

„Турција нам ни дава морална поддршка, дипломатска поддршка, географска поддршка. Турција е регионална земја. Дипломатската и моралната поддршка што ја дава Турција на Азербејџан, всушност се реализира на основа на меѓународните закони. Секако дека помеѓу Турција и Азербејџан постои соработка во одбранбената сфера, меѓутоа тоа не може да се поврза со одбранбените капацитети на Азербејџан или да се оцени како учествување во војната на една трета земја.“ - подвлече потпретседателот на Азербејџан Хикмет Хаџиев.



Слични вести