Азербејџанската армија сруши беспилотно летало на Ерменија

Азербејџанското Министерство за надворешни работи соопшти дека денеска во утринските часови е срушено ерменско беспилотно летало кое летало во правец на областите Седерек и Шерур во Автономната Република Нахчиван

1513948
Азербејџанската армија сруши беспилотно летало на Ерменија

Како што се соопштува, азербејџанската армија срушила беспилотно летало во сопственост на Ерменија.

Соопштението по ова прашање пристигна од азербејџанското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се истакнува дека беспилотното летало на ерменската армија било срушено денеска во утринските часови додека летало во правец на областите Седерек и Шерур во Автономната Република Нахчиван.

Од друга страна, ерменската армија истрела балистички ракети врз азербејџанските градови Сијезен, Гебеле и Ќурдемир.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека денеска утрово околу 07:00 часот по локално време се истрелани три ракети врз градот Сијезен, а околу 09:00 часот се истрелани уште две ракети врз градот Гебеле и една ракета врз градот Ќурдемир.

Во соопштението се вели дека балистичките ракети се истрелани од териториите на Ерменија и дека се таргетирани цивилите.

Во истото соопштение се додава дека во овие реализирани ракетни напади нема човечки загуби.



Слични вести