Во напад на ерменските сили врз градот Тертер загинаа двајца азербејџански цивили, еден е ранет

Во објавеното соопштение од Главното јавно обвинителство на Азербејџан се истакнува дека ерменските сили реализираа интензивни ракетни и топовски истрели врз градот Тертер и во овие напади животот го загубија двајца цивили, а двајца се ранети

1512730
Во напад на ерменските сили врз градот Тертер загинаа двајца азербејџански цивили, еден е ранет

Во реализираните напади од страна на ерменската армија врз азербејџански цивилни населени места, животот го загубија двајца цивили, а двајца се ранети.

Во објавеното соопштение од Главното јавно обвинителство на Азербејџан се истакнува дека ерменските сили реализираа интензивни ракетни и топовски истрели врз градот Тертер.

Во соопштението се вели дека при пад на топовска граната на една куќа во селото Џемилли животот го загубија двајца цивили, а двајца се ранети.

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, соопшти дека се ослободени од ерменска окупација центарот на градот Зенгилан и 6 околни села, како и уште 18 села кај градовите Фузули, Џебраил и Хоџавенд.

Алиев во своето обраќање до нацијата информира дека се ослободени од окупација селата Дортчинар, Куртлер, Јукари Абдуррахманли, Каргапазар, Ашаги Вејселли и Јукари Ајбасанли кај градот Фузули, селата Сарафша, Хасанкајди, Фуганли, Имамбаги, Ташвејселли, Актепе и Јар Ехмедли кај градот Џебраил и селата Агџакенд, Мулкудере, Ташбаши, Ѓунешли и Венг кај градот Хоџавенд.

Алиев истакна дека името на селото Венг кај Хоџавенд е променето во Чинарли.

Велејќи дека азербејџанската армија почна со ослободување и на териториите на градот Зенгилан, претседателот Илхам Алиев напомена дека центарот на градот Зенгилан и селата Хавали, Зернели, Меммедбејли, Хекери, Шерифан и Муганли веќе се под контрола на Азербејџан.

Алиев истакна дека азербејџанската армија уништи 241 тенк, заплени 39 тенка на Ерменија и дека се оштетени и доведени во неупотреблива состојба 4 непријателски антиракетни системи С-300.

 



Слични вести