Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 225 илјади 222 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 8 милиони 456 илјади 653

1512075
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 122 илјади 992 лица, на случаите на зараза изнесува над 40 милиони 649 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 030 милиони 354 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 225 илјади 222 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 8 милиони 456 илјади 653. Како што се тврди, американскиот претседател Доналд Трамп го окарактеризирал како „целосна катастрофа“ директорот на Институтот за национална алергија и заразни болести д-р Ентони Фаучи, кој се наоѓа во екипата за борба против новиот тип коронавирус на Белата куќа. Според вестите објавени во американските медиуми, претседателот Трамп го употребил изразот „Луѓето се изморени од слушањето на Фаучи и на другите идиоти“. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 154.226 лица, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 251 илјада 127 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 171 лице со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 86.338, додека со регистрирани 3.699 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 854.926 лица. 

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 43.726, а на инфектираните достигна до вкупно 741.212 лица. 

Во Италија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 36.616, а на случаите на зараза достигна до 423.578 лица. 

Во Шпанија, во последните 3 дена починаа 217 лица со што бројот на смртните случаи се искачи на 33.992 лица. Бројот на случаите на зараза исто така за 3 дена со раст од 37.889 новозаразени достигна до 1 милион 015 илјади 795 лица. Шпанија е земја со најголем број случаи на зараза во Европа.

Во Франција, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 33.623, а на случаите на зараза изнесува 910.277. 

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа животот го загубија 19 лица, а се регистрирани 1.949 новозаразени. На тој начин бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 2.198 лица, а на случаите на зараза на 101.860 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 12 починати, а се регистрирани 161 нов случај на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 846, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 23.788 лица.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 7 милиони 594 илјади 736 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 115.236 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 24.366, а на случаите на зараза изнесува над 1 милион 415 илјади 316 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 30.712 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 534.631. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 10.317 лица, а на случаите изнесува 430.678.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.659 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 323.452.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.263, а на инфектираните достигна до 304.876 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 39.991 лице, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 665 илјади 060.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 18.492, а потоа следуваат Египет со 6.130, Мароко 2.976, Алжир 1.865, Етиопија 1.365, Нигерија 1.125, Кенија 839, Судан 836,Камерун 424 починати.

 



Слични вести