Поддршка од Турскиот совет на борбата на Азербејџан за ослободување на своите окупирани територии

Членовите на Управниот одбор на Младинската платформа на Турскиот совет на одржаниот состанок преку интернет ја доставија  својата поддршка на борбата на Азербејџан за што побрзо ослободување на сопствените окупирани територии

1512137
Поддршка од Турскиот совет на борбата на Азербејџан за ослободување на своите окупирани територии

Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) ја соопшти својата поддршка на борбата на Азербејџан за ослободување на сопствените територии кои се наоѓаат под окупација на Ерменија.

Според објавеното писмено соопштение од Турскиот совет, Управниот одбор на Младинската платформа на Турскиот совет одржа состанок преку интернет за разгледување на актуелните случувања во регионот.

На состанокот учествуваа заменик министерот за младина и спорт на Азербејџан Интигам Бабаев, заменик генералниот секретар на Турскиот совет Гисмат Гозалов и членовите на Управниот одбор на Младинската платформа на сите земји членки на Турскиот совет.

Главна тема на состанокот беа последните воени напади на Ерменија врз Азербејџан, при што Управниот одбор на Младинската платформа го осуди отвореното прекршување на меѓународното хуманитарно право од страна на Ерменија по пат на извршување на самоволни и случајни напади врз цивилни цели на териториите на Азербејџан без правење на било каква разлика, а воедно упати повик до меѓународната заедница да ги фрли потребните чекори за стопирање на нападите на ерменските вооружени сили врз цивилното население. 

Заменик министерот за младина и спорт на Азербејџан Интигам Бабаев ги информира членовите на Управниот одбор на Младинската платформа на Турскиот совет во врска со улогата којашто ја презедоа неговото министерство и младинските организации за цивилна одбрана на Азербејџан за одбрана на праведната кауза на Азербејџан уште од почетокот на судирите.

Заменик генералниот секретар на Турскиот совет Гисмат Гозалов, исто така ги информира учесниците во врска со чекорите коишто ги фрла Турскиот совет по прашањето. Потсетувајќи дека Турскиот совет ја осуди Ерменија поради самоволните напади врз цивилите во градот Генџе (Ганџа или Гања) и други градови на Азербејџан, Гозалов го нагласи значењето од што побрзо решавање на ерменско-азербејџанскиот спор на основа на суверенитетот и територијалниот интегритет на меѓународно признатите граници на Азербејџан.

Гисмат Гозалов, воедно потсети и на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) од 1993 година со коишто се бара ерменските вооружени сили веднаш, безусловно и целосно да се повлечат од сите окупирани територии на Азербејџан    

Членовите на Управниот одбор на Младинската платформа на Турскиот совет ја доставија  својата поддршка на борбата на Азербејџан за што побрзо ослободување на сопствените окупирани територии, а воедно усвоија и патна карта во однос на чекорите коишто ќе бидат фрлени во понатамошниот процес за поддржување на легитимната борба на Азербејџан.



Слични вести